Конгрес без протоколи во С.Ц. Јане Сандански

by fokus

И покрај најавите, сепак не се почитуваат Ковид протоколите на Когресот на ВМРО ДПМНЕ кој денеска се одржува во С.Ц. Јане Сандански.

На влезовите не се бараат сертификати за вакцинација, ниту пак негативен ПЦР тест.

Стојат луѓе со мерачи за телесна темтература, но речиси на никој што влегува не му мерат температура.

Исто така, речиси половина од присутните делегати не носат маски.

Пред самиот почеток на официјалниот дел, на разглас се обрати портпаролот на партијата Димче Арсовски и побара од делегатите “да ги почитуваат Ковид протоколите и да ги стават маските”.

Од партијата во најавата за Конгресот рекоа дека на сите присутни ќе им бидат барани сертификати за вакцинација или негативен ПЦР тест.

К.С.Б.

Поврзани новости