Конфузија за експлозијата на „Северен тек“ откако САД обвини дека е вмешана проукраинска група

by fokus

Михаило Подољак, помошник на украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека Киев „апсолутно не бил вклучен“ во нападите на гасоводот „Северен тек“ и дека нема информации за тоа што се случило, откако „Њујорк тајмс“ објави дека американските разузнавачи сугерирале дека нападот бил спроведен од проукраинска група.

„Без сомнение, Украина апсолутно не е вклучена во инцидентите на госоводот“, изјави Подољак за Ројтерс. „Тоа нема ни трошка смисла“, нагласи тој.

Тој додаде дека Украина нема информации за тоа кој е вмешан, но рече дека можеби треба да се обвинат напорите на Русија за дестабилизација на регионот.

Во меѓувреме се огласи и Кремљ. Тие реагираа на дел од објавената статија во која се вели дека нема докази дека владата во Киев е поврзана со група која би можела да стои зад нападот.

– Очигледно е дека авторите на нападот сакаат да привлечат внимание. Јасно е дека станува збор за координиран напад врз медиумите – изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков за државната новинска агенција РИА.

– Како можат американските функционери да претпостават нешто без истрага – прашува Песков.

Песков, исто така, рече дека земјите акционери на „Северен тек“ треба да инсистираат на итна, транспарентна истрага.

– Се уште не ни е дозволено да учествуваме во истрагата. Пред само неколку дена добивме информација за тоа од Данците и Швеѓаните – изјави Песков.

– Ова не е само чудно. Мириса на монструозно злосторство – додаде Песков.

Поврзани новости