Кога сите треба да се обединиме, ти пак посегна по клеветење и навреди, му одговори поранешниот градоначалник на Аеродром, Ивица Коневски на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на обвинувањата кои ги упати тој на говорот за Илинден кон оние кои бараат оставка од него.
-Мицкоски, ти повторно се однесуваш срамно и тоа на овој голем ден, на најголемиот македонски празник Илинден. Кога сите треба да се обединиме, ти пак посегна по клеветење и навреди. Сите ние што те повикуваме да си дадеш оставка ѝ посакуваме добро на партијата, а ти очигледно си немоќен да се справиш со искрените критики. Со ова го допре дното и уште еднаш покажа дека не си достоен за функцијата што ја вршиш. Наместо ниски страсти и фрустрации, треба човек кој обединува. Редно е да си одиш од ВМРО-ДПМНЕ, напиша Коневски.