687
Европската агенција за лекови, ЕМА, в среда или четврток би требало да се произнесе за поврзаноста помеѓу вакцината АстраЗенека и згрутчувањето на крвта, објавуваат медиумите.
Иако првично ЕМА не утврди поврзаност, шефот на вакцинацијата во оваа агенција во интервју во Италија денеска изјави дека сепак постои поврзаност со тромбозите забележени во бројни земји кои ја користат оваа вакцина.
Комитетот за безбедноста на агенцијата сѐ уште истражува и анализира и за сега не е постигнат конечен став, но оттаму велат дека во среда или четврток може да се очекува заклучна експертска одлука на оваа тема.
Во меѓувреме бројни земји во ЕУ ја суспендираа вакцинацијата со АстраЗенека за лица под 55-годишна возраст.