549
Централната изборна комисија на Косово ги објави конечните резултати од предвремените парламентарни избори што се одржаа пред еден месец, кои покажуваат дека Движењето Самоопределување освои 26,15 отсто од гласовите, Демократскиот сојуз на Косово 24,49 отсто, а Демократската партија на Косово 21,19 отсто од гласовите.
Односно, Албин Курти, кандидат за премиер на Движењето Самоопределување, освои најмногу гласа – 183,868, по што следува кандидатот на ДСК, Вјоса Османи со 176, 188 гласа, додека третиот кандидат по бројот на гласови е претседателот на Демократската партија на Косово, Кадри Весели, со 146,763 гласа.
Досегашниот премиер Рамуш Харадинај, лидер на Алијансата за иднина на Косово, освои 75,917 гласа.