За време на кампањата се стекнав со големо искуство, се среќавам со проблемите на граѓаните, сега бараме решение за проблемите, вели Христо Кондовски, кандидат за градоначалник на Битола од коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, предводена од СДСМ во Студио 10.
-Граѓаните се искрени, сакаат позитивна кампања. Видов дека имаат реални очекувања. Ме изненади делот со црната кампања од опозицијата. Довчерашни пријатели, сега ме напаѓаат. Јас продолжувам со позитивна кампања. Програмата е направена како решение за проблемите. Ги убедувам граѓаните дека 100% може да реализираме од ветеното. Од аспект на излезноста, потфрлено е. За мојата кампања, јас се гордеам. Ќе продолжам да бидам близок со граѓаните, ќе направиме пресврт во вториот круг, вели Кондовски.