76
Уапсени се тројца државјани на Северна Македонија во Урошевац, Косово меѓу кои и бегалецот од штипскиот затвор Агим Красниќи.
Потврда за ова доаѓа и од косовската полиција од каде преку соопштение информираат дека еден од четворицата бил баран со меѓународна потерница, а истите во октомври лани учествувале во тепачка и пукање во Урошевац.
„Лицата се барани бидејќи биле инволвирани во кривични дела, а три од нив приложиле лажни документи за идентификација. При проверка на лицата, констатирано е дека трите лица се осомничени и барани за случајот во Урошевац на 17.10.2023 година. Лицето Б.К. македонски државјанин, се барало со меѓународна потерница, распишана од властите во Македонија, пишува во соопштението на косовската полиција.