Коњановски од Битола: Место да зборуваме колку е нечист градот, да се зафатиме со решавање

by fokus

Битола треба да биде не само еден од најголемите индустриски, економски, политички, културни и спортски центри, туку и современ образовен центар, почнувајќи од предучилишното, основното, средното до високото образование, рече кандидатот за градоначалник на општина Битола од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Коњановски на вечерашниот митинг.

-Во овој дел предвидуваме и изградба на ново основно училиште во Битола, овој проект опфаќа – планирање, проектирање и започнување со изградба на основно училиште во Битола, во населбата Буковски ливади, која брои над 4000 жители. Тоа значи вистинска грижа и обезбедување квалитетно образование за најмладите, со современи услови за одвивање на вкупниот воспитно – образовен процес. Борбата за Битола, е и борба за почист град. Место да зборуваме колку е нечист градот преку социјалните медиуми, да се зафатиме со решавање на отпадот по нашите улици, да ги подобриме и модернизираме комуналните услуги. Чекор напред кон почист и поубав град се повеќе зелени површини и паркови. Ќе изградиме нов парк, вели Коњановски.

Поврзани новости