Кон: Од околу 2,2 милиони дадени вакцини во Србија, нема ниту еден анафилактичен шок

by fokus

Српскиот епидемиолог Предраг Кон изјави денеска дека од околу 2,2 милиона вакцини против коронавирусот, кои ги примиле граѓаните во Србија, досега не е забележан случај на анафилактичен шок.

Тој во изјава за локални медиуми нагласи дека во текот на вакцинацијата досега, во Србија се регистрирани околу 600 несакани реакции на вакцината.

Според него, ставовите на оние кои се противат на вакцинацијата во моментов се „без поддршка“ затоа што имунизацијата се одвива на доброволна основа.

– Суштината е дека постои страв од самата вакцина, што е целосно неосновано, рече Кон.

Поврзани новости