Во последните 24 часа, во Србија биле тестирани 3.325 лица, од кои 214 биле позитивни на коронавирус, а две лица починале.
Како што пренесува „Блиц“, во моментов низ српските болници 24 пациенти се на респиратор.
Епидемиологот Предраг Кон предупреди дека ситуацијата во Белград е загрижувачка и дека се можни нови мерки веќе следната недела.
Тој изрази голема загриженост за непочитувањето на мерките, особено за неносењето на маски на отворен простор.
-За носењето маски на отворено, кризниот штаб е едногласен, особено кога станува збор за шеталиштата, Да не се плашиме од мерките, јасно е дека ова може да се реши само со спречување на контакти, без разлика дали тоа ќе биде полициски час, вонредна состојба, мора да се спречи ширењето, рече д-р Кон.
Кон истакна и дека главниот град на Србија е под сериозен удар на вирусот.
– Белград има 116 случаи, а половина од нив се од ковид-центрите. Останатите се дијагностицирани во други центри. Белград влегува во сериозна состојба, бројот на увезени случаи во училиштата се зголемува, но добро се држат, вели тој.
Рече дека засега училиштата нема да се затвораат.
-Сега им велам на сите, на граѓаните и на властите, ако маските на дадат резултат, тогаш мора да има локдаун, заклучување, како ќе се спроведе, искрено, тоа веќе не ме интересира, наведе Кон.