502
Поранешниот специјален претставник на Владата за преговорите со Бугарија, Владо Бучковски информира дека сме биле блиску до решение со нашиот источен сосед кон крајот на 2020 година.
-Тоа беше пред Новата година 2021. Бевме блиску до ставовите со либералниот дел од бугарската влада и тогаш беше планот 5+1. Енигма остана зошто спласна ентузијазмот од наша страна пред изборите кај нас, рече Бучковски во емисијата „Само интервју“.