„Комунална хигиена“ за два дена подигна 1130 тони отпад

by Fokus

Во текот на изминатите два дена, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираа засилени активности во чии што рамки беа подигнати и транспортирани вкупно 1130 тони комунален отпад од контејнерите поставени на јавни површини, како и од кантите наменети за индивидуалните домаќинства, информираа од компанијата.

Во соопштението се вели дека „отстранети се и 250 кубни метри отпад од приближно дваесет диви депонии лоцирани во сите скопски општини“.

„Почнувајќи од првата смена во текот на денешниот ден, ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува да го собира и транспортира комуналниот отпад на територијата на градот Скопје според стандардната динамика, утврдена со Оперативната програма за работа на Претпријатието. Воедно, продолжуваат и редовните активности за одржување на хигиената на јавните и на сообраќајните површини во сите скопски општини“ велат од „Комунална хигиена“ – Скопје.

 

Поврзани новости