„Комунална хигиена“: Маските да не се фрлаат на улица, нашите вработени се на ризик

by Fokus

Скопското Јавно претпријатие „Комунална хигиена“ преку социјалните мрежи апелираше до граѓаните соодветно да ги фрлаат искористените заштитни маски бидејќи, како што велат, се доведуваат до ризик нивните вработени.

„Комунална хигиена“– Скопје го третира отпадот од заштитна опрема како комунален отпад и граѓаните слободно смеат да го одлагаат во садовите поставени на јавни површини, без разлика дали станува збор за надземни и подземни контејнери или корпи за отпад. Но, апелираме до жителите на градот Скопје употребените заштитни маски да ги одлагаат правилно, да бидат совесни и соодветно да ги спакуваат, со цел да се заштити здравјето на вработените во претпријатието коишто секојдневно доаѓаат во контакт со овој потенцијално контаминиран отпад и воедно да се намали ризикот од ширење на вирусот ковид-19“, велат од претпријатието.

Поврзани новости