423
Кошиска драма се случувала вчера во Чаир, откако две жени истепале брачен пар во дворот на нивната куќа, велат од МВР.
„Во Полициска станица Бит Пазар, С.М.(27) од Скопје пријавила дека во дворот на нејзината куќа на подрачјето на Чаир, таа и нејзиниот сопруг Б.М.(37) од Скопје, по претходна расправија, биле физички нападнати од нивните сосетки А.Д.(34) и Т.Д.(32), двете од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, додаваат од МВР