Во неделата во Општина Аеродром се одржа „Хуманитарната Трка Зегин Спектратон- Трка на херои во сите бои”.
Трката беше во организација на компанијата Зегин и Фондацијата Д-р Верица Механџиска, а средствата собрани од сите котизации на пријавените учесници ќе бидат донирани во Здружението “Во мојот свет”, за реконструкција на првиот регионален социјален клуб за адолесценти со аутистичен спектар.
Повеќе од 1800 граѓани трчаа во име на хуманоста, љубовта и свет еднаков за сите.
Трките беа поделени во неколку категории:
Трка на 10км
Трка на 5км
Штафетна трка 2х5км
И детски трки од 150, 300 и 500м.
За сите пријавени учесници следуваше богат пакет, а за најдобрите имаше и награди во сите категории.
Тркачите имаа задоволство да трчаат по сертифицирана патека, а сите посетители уживаа во забава, музика, игри за најмалите и освежување.
Ваквите настани се показател дека општествената одговорност треба да биде важен сегмент на сите компании и поединци кои можат во голема мера да помогнат за подобрување на квалитетот на животот на оние на кои им е најпотребно.