Компанија на Нефи Усеини за 20.000 евра добила 30-годишна концесија за експлоатација на варовник

by Фокус

Компанија во косопственост на претседателот на огранокот на ДУИ во Охрид и член на општинскиот совет, Нефи Усеини, годинава добила концесија за експлоатација на варовник во локалитетот Климештани за период од 30 години, објавува најновиот број на неделникот Фокус.

Станува збор за друштвото регистрирано за вадење на чакал и песок со назив „НЕФИ&А ИНВЕСТ ДОО“, кое, според податоците од Централниот регистар, е во сопственост на Усеини, кој воедно е и управител на друштвото, додека вториот косопственик е албанскиот државјанин Албин Папа.

Инаку, оваа компанија е формирана на самиот крај на 2017 година, или нецела година пред да биде донесена владината одлука за започнување на постапка за доделување на предметната концесија и речеиси една година пред да се објави јавниот повик, во кој како главен критериум за доделување на концесијата се определува понудениот концесиски надоместок.

Во име на владата, Министерството за економија предводено од Крешник Бектеши во јули годинава склучило договор „НЕФИ&А ИНВЕСТ ДОО“, откако оваа компанија била единствен учесник во постапката, во која доставила понуда во износ од 1.229.900 денари или околу 20.000 евра.

Од Комисијата за спречување на корупција и судир на интереси ни изјавија дека ќе испитаат дали наведените факти претставуваат доволно наводи за да постапува Комисијата, додека од компаниите на Усеини досега не добивме одговори на нашите прашања.

Целата сторија прочитајте ја во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

В.С.

Поврзани новости