Комненовиќ: СН Мото центар работи по европски стандарди за технички преглед на возила

by Fokus

Редовниот технички преглед заедно со редовните сервиси на секое моторно возило се од клучно значење за безбедноста во сообраќајот. Мисијата на СН Мото центар е токму преку имплементирање на највисоки стандарди и со примена на најсовремена опрема за технички преглед да испорачаме врвна услуга на сопствениците на моторни возила кои користат услуги во нашиот центар, вели Кристина Комненовиќ, менаџер на Станица за технички преглед СН Мото Центар лоциран на ул.“Калош Дани“ број 22 во Момин Поток, Карпош.

Оваа модерна станица за технички преглед која релативно кратко време функционира во скопскиот регион, односно нешто повеќе од една година, веќе стана препознатлив партнер на голем број возачи во регионот.

„Професионалниот пристап, ефикасната услуга и квалитетот на нашето работење се главните причини што иако сме релативно нова станица за технички преглед веќе имаме солиден број на клиенти. Голем број возачи дошле за една услуга кај нас, сме им оставиле добар впечаток, задоволни се од квалитетот на услугата, по што продолжуваат да користат и други услуги или доаѓаат на следен технички преглед на возилото. Клиентите ги третираме како вистински партнери во бизнисот и тие тоа го чувствуваат. Знаат дека најголем приоритет за нас е нивното возило да биде професионално подложено на технички преглед кој треба да утврди дали возилото може безбедно да се приклучи во сообраќај. Се разбира крајната цел е безбедноста во сообраќајот.“-вели Комненовиќ.

За оваа задача освен што се грижат високо обучени професионалци, искусни контролори, се користи и врвна опрема за дигитално вршење контролни проверки на возилото.

„Два фактори мора да бидат задоволени за да може да се изврши технички преглед на возилото по највисоки стандарди. Човечкиот фактор мора да е обучен, искусен и посветен на работните задачи, а опремата и технологијата мора да ги следат светските трендови. СН Мото центарот е високоопремена модерна станица, која ги задоволува највисоките европски стандарди за технички преглед. Се работи со најсовремена опрема од германскиот бренд MAXA.“-вели Комненовиќ, нагласувајќи дека секоја станица за технички преглед мора да поседува соодветна техничка опрема предвидена согласно со законските прописи.

Покрај технички преглед, во СН Мото центар возачите можат да ги добијат сите услуги поврзани со регистрација на возила, А-тест, Цемт сертификати, хомологација, ПТЕУ, меѓународна возачка дозвола, полномошно за управување туѓо возило во странство и пошта. Преку шалтер на СН Осигурителен брокер АД Битола се нудат и сите видови осигурување, вклучително автоодговорност, зелен картон, патничко и здравствено осигурување.

Во СН Мото центарот е сместен и шалтер за издавање тахографски картички, како и тир карнети и Т1. Воедно, тука се нудат и услугите на Центарот за обука на професионални возачи, односно обука и полагање, со кои се добиваат сертификати за професионален возач, управител, АДР сертификат за возачи како и советник за безбедност.

„Она по што исто така не препознаваат е ефикасноста. Имено, ние особено го цениме времето на нашите клиенти и затоа на едно место во современ мултифункционален центар им овозможуваме серија поврзани услуги за технички преглед, регистрација на возила, пошта и сите видови осигурување, кои тука ги добиваат брзо, квалитетно и ефикасно. Можат да добијат повеќе услуги за пократко време и затоа доаѓаат тука.“-вели Комненовиќ, нагласувајќи дека СН Мото центарот работи секој работен ден од 8 до 16 часот, додека во сабота работното време е од 8 до 12 часот.

Од СН Мото центарот уште еднаш апелираат до возачите да не ги прескокнуваат редовните технички прегледи на возилата. Во случај возачот да не е сигурен во техничката исправност на возилото, препорачуваат и вонреден технички преглед.

“Статистиките потврдуваат дека со превентивни технички прегледи се намалува бројот на сообраќајни незгоди. Одговорност на секој учесник во сообраќајот е да даде максум во поглед на безбедноста во сообраќајот. Од тој аспект техничката исправност на возилото треба да биде приоритет за секој возач. Ние настојуваме да им овозможиме на возачите да можат овој приоритет да го исполнат лесно, брзо и по поволни услови. Не сакаме тоа да биде такво оптоварување на нивниот буџет по цена што би ја ризикувале безбедноста во сообраќајот. Затоа нудиме поволности од типот на плаќање до 12 рати во делот на осигурувањето.“-вели Комненовиќ.

Таа појаснува дека возачите можат да ги следат сите промоции за поволности на веб страницата h?p://www.snmotocentar.mk, како и на профилите на СН Мото-центарот на социјалните мрежи. Информации за тахографски картици може да се најдат на h?p://www.tahomobil.mk, а за сите видови осигурување на h?p://www.snbroker.mk.

Воедно, за секоја услуга можат да се информираат и на телефоните: 071/76-77-76 и 076/66-66-07.

ПР

Поврзани новости