Комити: Не сме предизвикале никаков инцидент, медиумите не ја сослушаа втората страна

by Фокус

Навивачката група Комити излезе со соопштение со кое негира дека тие го предизвикале вчерашниот инцидент кога на скопскиот плоштад беа претепани неколку момчиња. Од навивачката група велат дека “КОМИТИ“ и нејзините членови ниту ги предизвикале, ниту пак учествувале во инцидентите.

-Зачудува фактот што ние веќе сме обележани како насилниците кои нападнале и претепале недолжни “момчиња од албанска националност“, иако ниту еден од “недолжните“ не изјави дека бил нападнат од лица кои имале клупски обележја, ниту пак МВР и нивната истрага не го потврди тоа. Затоа сите медиуми и т.н. медиуми ја цитира изјавата на “чесниот и објективен“ уредник на Алсат – М телевизија, Мухамед Зекири дека навивачката група “Комити“ стои зад според него обидот за линч на недолжни Албанци во Скопје. Со чест на исклучоци, медиумите не се ни обидоа да ја сослушат втората страна, нешто што се учи на првиот час во првиот семестар на факултетот по новинарство… Но ние сме насилници и хулигани, што знаеме впрочем!?, пишува во соопштението на „Комити“.

Тие велат дека од снимките на МВР  може да се види и потврди дека неколку стотини комити кои присуствувале на натпреварот и го бодреле клубот си заминале по натпреварот  и дека немало никаков обид за пресметка со симпатизери на клубот Шкупи, или како што комити го нарекуваат: Слога, или пак обид за пресметка со лица од албанска националност.

-На крајот сакаме да го изразиме и нашиот РЕВОЛТ од политичката конотација на овие два изолрани инциденти, која упорно се турка преку неколку т.н медиуми.   Навивачката група “ Комити“, со години наназад, нема никаква допирна точка со било која политичка партија во државата ниту пак поддржува било каква политичка опција. За нас има само една партија, а тоа е “Вардар“ – “Држава и нација пред книшка и партија“. Токму затоа и навивачката група е константа мета на напади од поединци, групи, институции и т.н. медиуми, стои во соопштението на Комити.

 

Поврзани новости