Навивачката група на Вардар, „Комити“ се огласи со соопштение, затоа што ова е период кога се одбројуваат последните денови од рокот што Вардар мора да го испочитува за да се вратат долговите за да може да се дојде до евро-лиценца за настап во европските купови во следната сезона.
Се огласуваме по повод наближувањето на последниот рок за регулирање на состојбите во ФК Вардар. Состојби кои од една…
Publiée par Komiti Skopje sur Dimanche 10 mai 2020
„Имаме право да знаеме што се случува во нашиот клуб, но кога ќе прашаме, никој не е доволно компетентен да каже, никој освен едно лице, човекот кој го повикавме самите да влезе во клубот откако покажа дека носи успех и долгорочна стабилност особено во Ракометниот клуб Вардар. И така и беше, до клубот доживеавме да влеземе во групна фаза од официјално Европско натпреварување – Уефа лигата, по славната и неповторлива елиминација на големиот Фенербахче, со победа на жешкиот терен во Истанбул. Со ракометниот клуб доживеавме да подигнеме две Европски Шампионски титули, значи ДВЕ!“, се вели во соопштението на „Комити“.