Комисијата за спречување и заштита од дискриминација има право да поднесе тужба против Министерството за образование, бидејќи недостигаат голем број учебници за повеќе одделенија во основното образование.
-Комисијата согласно закон има право да поведе пред суд тужба од јавен интерес против државните институции кои не ја отстраниле дискриминацијата, вели Весна Бендевска, претседателка на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.
Освен Комисијата право на тужба по различно основи имаат и родителите на учениците.
-Секој има право да побара заштита доколку се чуствува повреден во неговото уставно згарантирано право на еднаквост. Таква претставка може да поднесат до нашата Комисија и до Народниот правобранител и се разбира на највисоката судска инстанца, озјави Бендевска.
Министерството за образование и наука не ги обезбеди сите учебници за сите одделенија пред стартот на учебната година. Од можни 126, недостигаат 43 учебници, или дури 34 отсто од потребните учебници.
Нема учебници за трето и шесто одделение, а за сите останати одделенија недостига по некој учебник. Обезбедени се учебиците само за прво и второ одделение.
Конечната одлука за тоа дали ќе има тужба ќе биде соопштена деновиве.
Промената на учебниците е според новата концепција за основно образование во 2021 година. Лани исто така доцнеа дел од учебници и КСЗД констатираше дека има продолжена дискриминација врз учениците, со препорака да обезбеди учебници најдоцна до почетокот на оваа учебна година.