Комисијата за заштита од дискриминација: Дискриминирани се граѓаните кои ќе наполнат 18 години меѓу два изборни круга

by Fokus

Да се реши правото на глас за лицата кои ќе наполнат 18 години, лицата со попреченост и дијаспората, апелира Комисијата за заштита од дискриминација

Повторија дека уште на 9 август 2021 година, утврдиле директна дискриминација од страна на ДИК и индиректна која произлегува од одредбите на Изборниот законик, врз основа на возраст во остварување на избирачкото право на граѓаните кои помеѓу два изборни кругови во претседателските избори во 2019 година наполниле 18 години.

„Овие лица заради одредбите од изборниот законик не биле во можност да го остварат уставно загарантираното право и да гласаат во вториот круг на претседателските избори. Воедно, Комисијата на 13 септември 2021 година утврди индиректна дискриминација по основ на возраст, личен статус, здравствена состојба, во областа на остварувањето на избирачкото право на граѓаните кои за време на изборите се сместени во здравствени установи“ посочија од Комисијата за дискриминација.

Истовремено беше потенцирано дека со измени на изборниот законик треба да биде решено гласањето на лицата кои ќе наполнат 18 години, лицата од дијаспората и сите други кои не се доведени во еднаква положба со другите.

На прашањето колкав број на лица досега биле дискриминирани од гласање, од комисијата истакнаа дека не можат да прецизираат за колкав број точно се работи, но дека отприлика станува збор за околу 7.000 лица по однос на преставките кои биле поднесени до Комисијата.

„Мерките на комисијата треба да обезбедат, гласачките процедури, гласачките објекти, материјали да се соодветни и пристапни за лицата со попреченост, како тие би го оствариле уставно загарнтираното право на гласање“, потенцираат оттаму.

Поврзани новости