Комисијата за заразни болести на состанок поради грипот и големата кашлица

by Fokus

Поради состојбата со грипот и големата кашлица, денеска треба да се состане Комисијата за заразни болести.

Како што покажуваат податоците од последниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), се зголемува бројот на заболени од грип, а во Ресен, Кавадарци и во Кратово има многу висока активност на вирусот на грип.

Проценките на надлежните се дека пикот на грипот ќе биде до крајот на месецов.

Нови три случаи на голема кашлица се регистрирани во државата, со што бројката се зголеми на вкупно 15 од почетокот на годината. Доктор Кристина Ставридис, епидемиолог од Институтот за јавно здравје, за МИА вчера изјави дека преку системот за следење заразни болести, евидентирани се вкупно 15 случаи од почетокот на годината.

Поврзани новости