513
Комисијата за заразни болести денеска заедно со претставници на Министерството за образование и наука ќе одлучуваат како ќе почне учебната година од септември во услови на епидемија.
Комисијата и МОН треба да донесат одлука дали наставата ќе се одвива онлајн или учениците по шест месеци ќе се вратат во училишните клупи.
Протоколите и за основните и за средните училишта до Комисијата беа доставени уште во петокот, по што беше најавено дека тие во текот на викендот убаво ќе бидат разгледани, и за нив денеска ќе се дискутира многу подетално.