Комисијата за спречување и заштита од дискриминација препорача Стобиски да не излегува во јавност, тој се појави на тв Сител

by Fokus

Иако Комисијата за спречување и заштита од дискриминација вчера му препорача на епископот Јаков Стобиски да не излегува во јавност „затоа што вознемирува со своите изјави дел од населението“, тој попладнево се појави во дневникот на тв Сител.

Ваквата одлука на Комисијата за Стобиски е „диктатура“. Комисијата утврди дека епископот има извршено дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет во областа на јавното информирање и медиуми, за што побараа јавно да се извини, или во спротивно ќе му поднесена прекршочна пријава.

„Во моите говори не е најдена ни трага на дискриминација, ниту говор на омраза. Тие велат дека сум предизвикал вознемиреност кај одредени кругови. Јас немам проблем да се извинам, 20 години живеам во манастир и немам таква суета. Постои антагонизам помеѓу атеисти кои тврдат дека нема Бог, но тоа ги повредува чувствата на верниците. Кога сме тужеле дека некој рекол дека нема Бог?!. Презумцијата на невиност е згазена, ја нема, а згора на тоа што тоа е донесено без запазена постапка, од брзање да ме дискредитираат“, рече Стобиски.

За најавениот протест организиран од МПЦ-ОА во четврток против законските измени за родова еднаквост и матична евиденција, тој рече дека „тоа е последното нешто што Црквата го сакала“.

„Ние сме против индоктринација што се подготвува на иднината и на децата. Има реална состојба и реални примери што можеме да ги видиме во одредени општества што ги предизвикало имплементирањето на ваквите Закони“, порача тој.

Поврзани новости