Комисијата за лиценцирање на фирми за канабис во аут

by fokus

Скопје и Охрид да бидат како Амстердам, марихуаната да се легализира и да се консумира во кафулињата во туристичките места, бараше поранешниот премиер Зоран Заев, во насока на дополнителна либерализација на овој сектор, откако неговиот претходник Никола Груевски дозволи одгледување канабис за медицински цели.

а 0,5 грама за лична употреба не треба да се одговара. Ние немаме море, немаме пристаништа, извори на нафта да го развиваме нашиот економски сектор. Ова е добар потенцијал за државата да може да го искористи за развој на економијата – говореше Заев во премиерските денови.

Ако за време на неговото владеење никнуваа како печурки фабрики за производство на канабис од кој потоа се екстрахираше масло, здруженијата ревносно бараа што побргу да се донесе законот, кој ќе овозможи и извоз на сув цвет, а неретко се говореше и за легализација на марихуаната за рекреативна употреба.

Но, сега веќе фамата е стишена. Здруженијата се тивки, а уште потивко е во Министерството за здравство, каде што се наоѓа клучната алка за доделувањето лиценци за производство на канабис.

Станува збор за Комисијата што (треба да) ги дава одобренијата на фирмите за одгледување канабис за медицински цели. Арно ама, таа не функционира со месеци.

Според потврдени информации на „Фокус“, раководителката на оваа Комисија, Лидија Савиќ, од јули 2022 година заминала во пензија.

Но, освен што се пензионирала раководителката, Комисијата што треба да брои пет члена, именувани од страна на министерот за здравство, со месеци воопшто не функционира.

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК

Фросина ФАКОВА – СЕРАФИНОВИЌ

Поврзани новости