Работната група на Министерството за култура која го анализира проектот Скопје 2014, донела препораки за дислокација и демонтирање (или рециклирање) и на споменикот на Александар (Воин на коњ), Филип Втори и Портата Македонија, објави Либертас.
-Ние работиме во насока на повторно враќање на владеењето на правото. Во случаите каде е прекршен законот нашите препораки ги упатуваме до институцијата која го поставила споменикот, во случајот со Ќосето беше градот, а собраните документи ги даваме во ОЈО за предистражна постапка за злоупотреба на службена должност и немаменско трошење буџетски пари. Одлуката потоа ја носи институцијата која го поставила споеникот, изјави за Либертас Мирослав Грчев кој е дел од Комисијата.
Спомениците на Александар и на Филип Втори се поставени од Општина Центар додека Портатата е од Министерството за култура.