Комисијата предлага да се укинат маските во затворено

by fokus

Комисијата за заразни болести по денешниот редовен состанок предложи укинување на задолжителното носење маски во затворен простор.

Оваа мерка ќе важи за сите објекти, освен за здравствените установи, аптеките, домовите за стари лица и јавниот превоз.

Маските во сите останати простории може да се носат, но само по желба на граѓаните, информираа од Комисијата за заразни болести.

Поврзани новости