Комисијата предлага бремените жени да се вратат на работа

by fokus

Комисијата за заразни болести до Владата предложила укивањето на две мерки за заштита од панедмијата. Доктор Злате Мехмедовиќ информираше дека една од мерките е за укинувањето на задолжително поседување на ПЦР или потврда за прележаност или вакцинација при излез од земјава.

-Тоа не значи дека во земјите каде што ќе биде потребно да поседувате ПЦР тест или сертификат дека сте вакцинирани или прележани дека таму нема да ви се бара туку напротив, дека при излез од земјава на онаа мерка која што беше донесена минатата година дека треба да ги поседувате и да ги покажете на нашата граница, таквата мерка се укинува, рече Мехмедовиќ.

Втората мерка која Комисијата предлага да се укине се однесува на бремените жени, односно  да се укине ослободувањето од работа и тие да се вратат на своите работни места.

Поврзани новости