Комисијата е на вториот од 400 амандмани на ВМРО-ДПМНЕ, на полноќ мора да се гласа

by fokus

Собраниската Комисија за европски прашања вечерва продолжи со работа по седницата на која се расправа по Предлог-законот за изменување на Изборниот законик по скратена постапка во второ читање.

Во тек е расправа за вториот амандман од 400 амандмани за Изборниот законик поднесени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Расправата три пати беше прекината и беше дадена пауза, два пати поради тензична атмосфера, а еднаш на барање на координаторот на пратеничката група на ДУИ Ејуп Алими, за да се провери дали се преведени на албански јазик сите 400 амандмани.

Комисиската расправа треба да заврши до полноќ, бидејќи според Деловникот, за закони кои се донесуваат по скратена постапка и со европско знаменце треба да трае два дена.

Поврзани новости