Комисијата бараше поголеми рестрикции за Бајрам, не знам зошто некој ги променил мерките што ги предложивме, рече Караџовски

by Frosina Fakova

Два дена пред рамазанските празници Комисијата за заразни болести излезе со свој став и ние ги дадовме нашите препораки до главниот кризен штаб на главата, што се случи понатаму не знам, потсетува епидемиологот, Жарко Караџовски.

-Што се случило таму не знам, веројатно имало повод зошто некој ги променил тие мерки што ги предложивме, рече Караџовски. Комисијата тогаш предложи полициски час од сабота од 19 часот до вторник до 5, но Владата одлучи дека полицискиот час треба да почне од недела од 11 часот до вторник до 5 часот.

Според него, ефектот од собиранките кои ги гледавме за Бајрам се гледаат сега, а за непочитувањето на мерките кои сите ги гледавме вели дека одговорни се други институции.

Тој им порача на граѓаните задолжително да носат маска и да не се групираат.

 

Поврзани новости