457
Во Собранието денеска треба да почне комисиската расправа за Предлог законот за јавно обвинителство со кој треба да се реши и идниот статус на СЈО, а што треба да биде донесен по скратена постапка.
Министерката за правда Рената Дескоска, пред два дена изјави дека доколку не се обезбеди двотретинско мнозинство, тогаш во опција се други решенија, а едно од нив се измени во Законот за Советот на јавни обвинители, кој се носи со 61 глас.
Премиерот Зоран Заев, пак, смета дека најдобро решение за обвинителството е ако законот се донесе со консензус.
Досега со месеци опозицијата и власта се обидуваа да најдат решение за Законот за ЈО, но без успех.