Комичарот Љупчо Крстевски е избран за „Маж на годината според социјални медиуми“

by Fokus

Денес заврши гласањето за избор за наградата „Маж на годината според социјални медиуми“, а победник е комичарот Љупчо Крстевски.

Тој освои 11.000 гласови, а зад него со освоени 4.200 гласови е јутјуберот Стефан Лазаров, додека на третата позиција е актерот Стефан Николовски со 2.400 гласови.

-Познат по своето учество во хумористичниот шоу К-15, Љупчо Крстевски денес е актуелен на социјалните мрежи, особено на својот нов профил на Инстаграм mr. ljube, каде го следат илјадници верни фанови. Со своите кратки видеа и хумористични изведби, тој продолжува да ја развеселува и инспирира својата публика.

Сакаме да се заблагодариме на сите вас што учествувавте во гласањето и што ни помогнавте да го избереме победникот во оваа категорија.
Вашата поддршка е од големо значење за нас, истакнаа од организацијата на настанот.

Во категоријата ,,Маж на годината според социјални медиуми“ беа номинирани повеќе јавни личности, помеѓу кои пејачи, актери, спортисти…

Дац и Александар, Стојанче Ангелов, Сашко Кедев, Боби Милевски, Дарио Ивановски, Никола Ристановски, Тони Лазов, Тони Зен, Кирил Џајковски и други беа помеѓу предложените натпреварувачи.

Ова е седми пат како Македонија избира ,,Мажи на годината”, а ќе се избираат и мажи кои оставиле траен впечаток со своите дела и достигнувања во 2024 година и во други категории: Маж на годината, Маж со трајни вредности, Менаџер на годината, Менаџер на годината до 40 години, Менаџер странец на годината, Млад менаџер до 30 години, Маж со најголем придонес во културата, Маж со најголем придонес во спортот, Маж со најголем придонес во општеството, Маж со најдобар стил, Хедонист на годината и Маж на годината во избор на организаторите.

Кои ќе бидат победниците во категориите, но и кој ќе ја понесе титулата ,,Маж на годината” ќе се открие на настанот кој ќе се одржи на 25-ти ноември.

Вики Клинчарова

Поврзани новости