Денес во Домот на АРМ во Скопје се одржа Комеморативна седници по повод трагичната хеликоптерска несреќа во која животот го загубија четворицата припадници на министерството, Драги Мицев, Иљо Лопатички, Марјан Трајковиќ и Тоде Орешков.
На комеморативната седница на која присуствуваа бројни припадници на МВР и роднини на трагично настраданите колеги беше отворена и книга на жалост.
„Имињата на Драги, Иљо, Маријан и Тоде ќе бидат дел од колективното паметење на сите што живеат на овие простори и ќе останат светол пример за сите идни генерации. Македонија и МВР загубија извонредни професионалци и големи патриоти, а нивните семејства изгубија чуствителни сопружници, грижливи татковци и горди синови и браќа“, помошникот – началник на Централните полициски сили Сашо Митевски.
Тројца од пилотите ќе биде погребани утре во Скопје, а погребот на Марјан Трајковиќ ќе се одржи денеска во Куманово.
Владата на вчерашната седница одлучи понеделник, 14 јули, да биде прогласен за ден на жалост.
Несреќата во која загинаа припадниците на хелихоптерската единица на МВР се случи во четвртокот околу 22 часот во близина на Струмица, кога хеликоптерот удри во антенски столб на македонската радиодифузија.