71
Утре со почеток во 13 часот во Собранието ќе се одржи комеморативна седница во чест на Стојан Андов, првиот претседател на републичкото Собрание по осамостојувањето на државата. Андов почина на 89 годишна возраст.
Претседателот на законодавниот дом, Африм Гаши упати длабоко сочувство до семејството, колегите, пријателите и соработниците на Андов.
-Стојан Андов засекогаш ќе остане запаметен како прв претседател на плуралистичкото Собрание, кој со право се смета за основоположник на новата парламентарна традиција кај нас. Нека е вечен неговиот спомен, рече Гаши.