Комедија е ВМРО-ДПМНЕ да го обвинува СДСМ за скршнување од прозападниот курс, велат од СДСМ

by Fokus

ВМРО-ДПМНЕ во недостаток на идеи и резултати во политиката започна со комични соопштенија да манипулира и извлекува смешни тези, реагираат од СДСМ на соопштенито на владејачката партија.

Оттаму додаваат дека поврзувањето на изјавите на новинарот Ордановски со политиките на СДСМ во однос на прозападниот курс на државата се очаен обид да ги скријат сопствените неуспеси.

„Ова е уште една потврда дека освен манипулации, друга политика немаат да понудат. СДСМ е единствена партија која во континуитет ги негува прозападните вредности, која го изгради стратешкото партнерство со САД и ги реализираше евроинтегративните аспирации на земјата.

Благодарение на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски може да одат и да се сликаат во НАТО и да глумат партнери на САД, а во опозиција направија се за да ги блокираат овие процеси.

Им порачуваме да се фатат за работа и да покажат конкретни резултати затоа што граѓаните од нив очекуваат работа“ порачаа од СДСМ.

Поврзани новости