Во моментот тоа што го гледаме како искуства и како препораки и од страна на Американскиот центар за контрола и превенција од болести и на европските регулаторни тела е дека комбинирањето на вакцините против Ковид-19, особено давањето трета доза, во случајот кај нас тоа ќе биде „Фајзер“ со други претходно дадени од различен тип, дури и го зголемува, односно го проширува, имунолошкиот одговор, истакна денеска претседателката на Комитетот за имунизација, Александра Грозданова.
Таа истакна дека во однос на препораката за трета доза да биде вакцината на „Фајзер“ го гледале искуството и од неколку студии кои веќе завршиле и неколку кои се во тек.
„Во однос на другите искуства веќе неколку месеци од летото Обединетите Арапски Емирати и Турција ги комбинираат кинеските вакцини како трета ја даваат вакцината на „Фајзер“. Исто така нивните резултати покажаа одлична заштита која ја обезбедува вакцината на „Фајзер“ особено кон делта сојот“, рече Грозданова.