Комбе со мигранти направи тешка сообраќајка во Струмица, три лица се повредени

by Fokus

Kомбе со кочански таблички, во кое се превезувале поголем број мигранти денеска предизвика тешка сообраќајка во Струмица, јави дописникот на МИА.

Во сударот се повредени тројца мигранти, од кои едниот е со потешки повреди.

„ Тројца мигранти се донесени во болницата. Од нив, еден е со потешки, а двајцата со полесни повреди. Потешко повредениот се подготвува за влез во операциона сала“, изјави за МИА, директорот на струмичката болница, доктор Наќе Гогов.

Комбето наводно било управувано од возач од Кочани. Според очевидци, тоа се движело со голема брзина и удрило во три возила, на крстосницата на улиците „Младинска“ и „Браќа Минкови“ во Струмица.

По несреќата, дел од мигрантите побегнале од местото на сообраќајката.

Поврзани новости