Командантот на специјалната единица „Алфи“, Ивица Антевски – Пуки и уште петмина осомничени за нечовечкото апсење на поранешниот министер за внатрешни работи и лидер на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, се повикани на распит во Основниот суд Скопје 1.
Случајот „Тортура“ го отвори Специјалното јавно обвинителство, а првоосомничен во овој случај е поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, кој се товари како наредбодавател на несоодветното апсење на Бошкоски еден ден по изборите во 2011.
СЈО за Мијалков не бара притвор или други мерки за претпазливост со образложение дека не постои опасност од бегство, додека за останататите шестмина осомничени кои се врабоени во МВР поднесен е предлог за определување на мерка на претпазливост – забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.
Бошкоски беше уапсен за нелегално финансирање на изборна кампања, за што беше осуден на 5 години затвор кои веќе ги одлежа и сега е на слобода, а тој е обвинет и во случајот „Ровер“ за вмешаност во убиството на Марјан Тушевски и Киро Јанев од 2001 година, кога беше министер, но судењето за овој случај се уште трае.