Командантот на германската морнарица поднесе оставка поради изјава за Путин

by fokus

Командантот на германската морнарица Каи-Ахим Шенбах поднесе оставка откако беше мета на критики поради изјавата дека рускиот претседател Владимир Путин заслужува почит и дека Киев никогаш нема да го врати Крим од Москва.

– Побарав од министерката за одбрана Кристина Ламбрехт да ме разреши, а таа го прифати моето барање – се вели во синоќешното соопштение на вицеадмиралот Каи-Ахим Шенбах, пренесе Танјуг.

Отказот, додаде, стапува во сила веднаш. Шенбах пред извесно време објави видео на „Твитер“ во кое меѓу другото вели дека „полуостровот Крим заминал и дека никогаш нема да се врати“ во Киев.

Тој додаде дека Путин сака „почит“ на еднаква основа. Тој подоцна призна дека оваа објава била грешка. Реагираше и Украина која го покани на разговор германскиот амбасадор во Киев, а изјавата на Шенбах беше критикувана од украинското Министерство за надворешни работи.

Поврзани новости