Командант Морина заврши во Шутка

by fokus

Судот денеска му одреди 30-дневен притвор на поранешниот член на Ослободителната војска на Косово, Томор Морина, кој беше уапсен на граничниот премин Блаце врз основа на потерница од српскиот суд.

-Денеска  пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје, спроведено е едно лице со предлог од Јјавното обвинителство за определување мерка притвор поради екстрадиција по распишана меѓународна потерница на Интерпол – Србија. По сослушување на лицето во присуство не неговиот бранител, како и ценење на фактите и доказите во предлогот, судија на претходна постапка донесе решение со кое го прифати предлогот и на Т.М. му определи мерка притвор од 30 дена заради постоење на основите од член 165 ст.1 т. 1 од ЗКП, а во однос на постапката за екстрадиција одлучува надлежното Министерство за правда, наведуваат од Кривичниот суд.

Поврзани новости