561
Заробениот командант на специјалната единица Азов, Денис Прокопенко, преку телефон накратко разговарал со сопругата Катерина, јавува дописникот на британскиот Гардијан од Киев.
Прокопенко и рекол на сопругата дека затворениците не биле изложени на насилство, но не може со сигурност да се каже дали командантот на Азов може слободно да зборува.
-Кога го прашав како е ми рече „ок“. Слушнав од други извори дека условите во кои се држат се задоволителни – изјавила Катерина Прокопенко за Гардијан.
Инаку, последната група бранители на Азовстал им се предаде на Русите во петокот. Најмалку 1.000 ветерани, вклучително и војници од баталјонот Азов, се префрлени на територија под контрола на Русија откако фабриката за челик падна во руски раце.