Колумните од дневниот и неделникот „Фокус“, Рамадан Рамадани ги преточи во книга која вечерва ќе биде промовирана

by Fokus

Рамадан Рамадани, во моментот директор на Културниот центар во Истанбул вечерва во 19 часот ќе ја промовира книгата „Капиџик“ во Музејот на Современа уметност.

„За „Капиџик“ се одлучив по препорака од пријатели и читатели дека вредат колумните да се издадат како целина. Ова се зборови напишани во еден многу ќутлив период за многумина во земјата, помеѓу 2012-2017 година. Тогаш кога земјата беше под владение на една клика, ликови на кои ете сега им се суди. Колумните се од дневен и неделен Фокус на кои сум им благодарен за дозволата да се објават и во книгата како и на издавачот „Темплум“ за сиот ангажман околу книгата. „Капиџик “ е мала меѓукомшиска врата и се надевам ќе допринесе за поголемо разбирање во општеството во целина – изјави за „Фокус“ Рамадани.

Промотори на книгата се Џевдат Хајредини, Бранко Тричковски и Никола Гелевски, додека издавач е Темплум.

 

Поврзани новости