Пишува: Венко ГЛИГОРОВ
Еднаквоста е една од главните цели на еден здрав економски систем. Без економија нема напредок на општеството и нема благосостојба за граѓаните. Еднаквоста е најмногу зависна од поставување на правен систем што ќе овозможи исполнување на оваа цел.
Сведоци сме на партизираното судство и протекционизам кој кулминираше последниот период. Од друга страна, според изјавите на новиот мандатар, г-нот Заев, постојат сериозни намери за реформи во судството. Главнината од работите може да се направат само со 2/3 мнозинство во Собранието. Почучени од минатото, основани се стравувањата дека од едно партизирано судство може да се изнедри со текот на времето – ново партизирано судство.
Се поставува прашањето како да се направи нашето судство и делењето на правдата да биде објективно, непристрасно и неспорно. Исто така се поставува и второто прашање, од каде може да се тргне во градењето на правниот систем, а тоа да биде прифатливо за поголемиот број на пратеници во Собранието.
Извештајот на Прибе
Се чини дека најдобар моментален избор е да се тргне од извештајот на ЕУ за Македонија предводен од тимот на Прибе. Меѓу другото, во овој извештај се вградени бројни интервјуа, сугестии и анализи на правдата во Македонија.
Во тринаесетата точка од извештајот се изведени главните вредности на Европската Унија како што се демократијата, еднаквоста и почитување за човековите права и владеењето на правото. Токму затоа и строгото почитување и спроведување на овие вредности е од суштинско значење за земјата кандидат.
Во седумнаесета точка се наведени проблемите со кои се соочувала групата на Прибе во однос на оградување од одговорност, минималистичко толкување на мандатот на институцијата и со обиди за затскривање зад надлежностите на други институции, како изговор за непостапување, наместо преку промовирање на култура на владеење со преземање на одговорност проактивно да се придонесе за надминување на тековната кризна сосотојба и да се промени трендот на враќање назад.
Понатаму, според извештајот, системот на управување со учинок за судии и судската служба е слаб, му недостасува кредибилност и е отворен за злоупотреби. Особено критериумите за учинок за судии се воспоставени и се формалистички предоминантно квантитативни. Ова е делумно затоа што долго се сметало дека е невозможно за корисниците и евалуаторите во рамки на судството да применат систем на квалитативни оценки на заслугите на објективен и неселективен начин заради продорната политичка култура и менталитетот. Понатаму, не постојат јасно профилирани методологии или хармонизиран пристап за да се спречи претседателите на судовите да донесуваат одлуки за управување со учинокот во нивните респективни судови, очигледно на нивна целосна дискреција.
Примерот на Шкотска корисен за Македонија
Намерата во оваа пишување, иницијално објавено пред 2 години, а надополнето со нови сознанија од денешницата, не ми е да го толкувам извештајот или да изнесувам заклучоци од извештајот на Прибе. Сакам да дадам конкретен пример од каде треба и како може да се гради системот на правосудство и правната држава. За таа цел ќе го земам примерот со Шкотска, земја обедината во Велика Британија и членка на Европската Унија. Шкотска е релативно мала земја и може да се земе како модел со принципи врз кој ќе почива системот во Македонија.
1 Мисија.
2 Визија.
3 Национални интереси.
Сите ние да ги живееме животите обезбедени од секаков криминал, неред и опасности.
- Да имаме силни, отпорни и помагачки заедници каде луѓето преземаат одговорност за своите активности и нивното влијание кон другите.
- Јавни услуги да се од висок квалитет, постојано да се подобруваат, да се ефикасни и флексибилни на потребите на луѓето.
4 Цели на правниот систем.
- Да имаме ниско ниво на криминал
Да имаме ниско ниво на страв, алармантни состојби и стрес
- Да уживаме низок ризик од ненамерни штети
- Нашите луѓе и заедниците да се поддржуваат и респектираат меѓусебно, применувајќи ги сопствените права и обврски
- Да имаме високо ниво на доверба во правните институции и нивните процеси
Јавните услуги да се фер и достапни
- Нашите институции и процеси да се ефективни и ефикасни
- Јавните услуги да ги почитуваат правата и гласот на корисниците на услугите
5 Приоритети како дел од стратегијата.
Намалување на криминалот, посебно насилниот и сериозниот организиран криминал
Намалување и искоренување на осветата
- Справување со криминалот поврзан со говорот на омраза и секташтвото
- Подобрување на ефикасноста
Ги поддржуваме жртвите и сведоците
Проширување на достапот на правдата и напредни реформи во законите
- Намалување на разорното влијание на дрогите и алкохолните проблеми
- Намалување на штетите од пожари и другите итни случаи
- Зголемување на јавната доверба и намалување на стравот од криминал
- Засилување на вклученоста на заедниците и нивната отпорност
- Трансформација на цивилната и административната правда