Пишува: Арбен Гоља
Го гледам веќе 24 дена цинизмот и дволичноста на који се засновани протестите за „Единствена Македонија”, и од тоа ми се превртува желудникот. Имам латентно чувство на гадење. Ги гледам оние јадници, организатори на овој проект на Никола Груевски и врхушката, не на ВМРО-ДПМНЕ, партијата е за жал нивни заложник и нивна заштита. Се прашувам, дали овие организатори имаат трунка достоинство и принципи кога истите си ги продаваат за евтин надомест, а сето тоа аранжирано под плаштот на патриотизмот, демек се борат за спас на Македонија.
Се наметнува прашањето: од кого ја бранат, од кого генерира опасноста Македонија да биде разнебитена!? Од јазикот на своите сограѓани, соседи!? Која држава, бе, идиоти се разнебитила и пропаднала ради јазик, туку обратно јазиците се богатство на една мултиетничка држава и истите ја зајакнуваат нејзината унитарност.
Кој посегна по унитарноста на Македонија, Вие со вашиот екстремен национализам, со вашата теза дека се што е немакедонско е по автоматизам непријател на државата и на македонскиот народ?
На вашиве протести заговарате чиста етничка Македонија, а не како провидно декларирате за “Единствена Македонија” во која сите граѓани ќе бидат еднакви без разлика на нивната етничка или верска припадност. Со самиот факт што покажувате екстремен анимозитет при самата помисла на јазикот, односно јазиците на вашите сограѓани, вашите соседи кои не се етнички Македонци.
Ми се гади кога гледам познати јавни личности кои себе се сметаат за интелектуалци, кои едноставно си ги симнаа маските и си го покажаа своето право лице кое баш и не остава впечаток дека имаат бар „И” од интелектуалноста.
Ми се гади и од онаа толпа на неартикулирани физиономии кои во својата омраза и национализам не се свесни дека се само средство во рацете на еден криминалец, во неговиот обид да си ја спаси кожата и да ја избегне одговорноста, не двоумејќи се дури за таа цел и да ги жртвува.
Во оваа безоблична маса се вклопи и билкана наречена „фикус”, како љубат да го викаат нашиот таканаречен председател, не е вреден ниту да му се спомне името. Сиромашкиот во недостаток на интелектуалниот капацитет и својата сервилност кон својот шеф, „малиот диктатор”, длабоко загази во криминал злоупотребувајќи ја својата функција на начин што веќе неколку пати флагрантно го крши Уставот и своите овластувања, поради што земјата ја вовлекува во уште поголема криза со несогледиви последици.
И на крајот пак да се вратам на оние двајца јадници од организатори на протестите. Првиот, кој мислам дека е режисер, пред година две го апсеа во 5 часот наутро во неговиот дом, го легнаа пред очите на неговите деца и сопруга како најдолен криминалец, истиве за кои сега така здушно им ја обработува нивната агенда. Со еден збор човек без лице и карактер. За вториот малку знам освен што има прекар „Batman” и дека е од Охрид. Со еден збор „No name” и не е вредно за него да се трошат зборови.
Трагедијата е во тоа што веќе 11 години патиме од вакви исфрустрирани, искомлексирани и неизживеани њушки, кои не уназадија за најмалку 50 години. Само погледнете го Скопје на што личи денес, кој е еклатантен пример на нивните фрустрации и комплекси, вистинско ругло од град, потсмев во регионот и пошироко.
А составот на популацијата, на најниско културолошко ниво, правите скопјани набутани буквално како во резервати.
Македонијо, крајно време е да се разбудиш….