Колумбиската армија уништи околу осум тони кокаин

by Фокус

Колумбиската армија заплени и уништи околу осум тони кокаин во лабораториите во Кауки и во Нарињо.

Во првата операција откриени се 3.800 килограми кокаин, повеќе од 11.356 литри хемикалии и 3.900 килограми цврста супстанција. Лабораторијата во Нарињо припаѓала на Националната ослободителна армија позната како „Хаиме Тоњо Обандо“.

Во акцијата во Кауки уништена е лабораторија во која имало 3.500 килограми кокаин, над 400 килограми кокаинска смеса и 22.712 литри хемикалии. Лабораторијата била на вооружената група ГАО-р Еструктур Хаиме Мартинез.

Поврзани новости