Зголемена фреквенција на возила има на граничниот премин „Богородица“ каде за излез од земјава кон Грција се чека околу половина час, информира Автомото сојузот на Македонија АМСМ.
На „Богородица” во моментов пуштени се две ленти за патнички возила, и уште една за товарни возила.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Интензитетот на сообраќајот низ патиштата во државата, надвор од градските средини, според АМСМ исто така, се забележува зголемен интензитет.