42
И денеска сликата на граничниот премин „Табановце“ за влез во државава не е поразлична од останатите денови.
Стотици возила чекаат да ја преминат македонско-српската граница. Според информациите се чека и над 40 минути за влез во Македонија.
Слична е ситуацијата и на ГП „Богородица“ за излез од Македонија кон Грција.
Од АМСМ известуваат дека на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
На обиколницата Битола, патен правец Прилеп – Ресен сообраќајот се пренасочува низ градот Битола поради активен пожар.
Поради активен пожар на регионалниот пат Р1103 Неготино – Штип, кај с. Пепелиште, сообраќајот е во прекин за сите видови возила, во двата правци, се вели во соопштението на АМСМ.