Колони возила чекаат за влез во Грција

by fokus

Колони возила, пред граничниот премин ,,Богородица”, утринава чекаат ред да влезат во соседна Грција.

Од АМСМ велат дека на граничните премини Богородица, Дојран, Меџитлија и Табановце има зголемена фреквенција за излез од државата, времето на чекање е околу 30 – 45 минути. Но според фотографиите испратени од читатели на ,,Фокус”, за влез во Грција се чека многу подолго.

На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Поврзани новости