617
Американскиот претседател Џо Бајден и неговата сопруга Џил, како и потпретседателката Камала Харис и нејзиниот сопруг Даг Емхоф, објавија информации за нивната заработка во 2021 година.
Бајден заработил 610.702 долари и платил 24,6 отсто од таа сума на име на федералниот данок на доход – 150.439 долари, пренесува Гласот на Америка.
Како претседател, Џо Бајден заработил 378.333 долари, што е нешто помалку од предвидената претседателска плата од 400.000 долари откако ја презеде функцијата во јануари.