Колку закони се блокирани во Собранието?

by Фокус

Дарко Каевски, портпарол и пратеник на СДСМ, истакна дека опозицијата блокира голем број закони.

-Зарем Законот за наставници и стручни соработници со којшто 4.700 работници чекаат да се трансформираат од определено на неопределено време не е клучен за граѓаните, служба во армијата не е клучен за граѓаните, Клинички центар којшто е 500 милиони евра вреден проект за подобри услови во здравството не е клучен за граѓаните? Затоа, тие празни флоскули што ги слушаме од опозицијата се со цел да се добие некој ситен политички поен – рече Каевски.

Тој посочи дека преку 70 закони се блокирани и закочени во Собранието преку долги процедурални излагања на пратениците од опозицијата.

Поврзани новости